Унипер: Рускиот гас продолжува да тече низ Полска

61

Енергетскиот концерн „Унипер“, кој е најголем клиент на руски „Газпром“, денеска објави дека рускиот гас сè уште тече низ гасоводот низ Полска.

Концернот нагласува дека не очекува ограничувања во испораката на гас од Русија поради спорот меѓу Москва и Полска.

„Ова нема да има последици за транзитот на испораките низ Полска“, убеден е директорот на „Унипер“, Ник ден Холандер.