Uniqa го заврши преземањето на Baloise Group во Хрватска и Србија

76

uniqaАвстриската Uniqa Insurance Group AG во потполност го заврши процесот на преземање на фирмите ќерки на швајцарската Baloise Group во Хрватска и Србија, на што му претходеше одобрување на сите австриски, хрватски и српски надлежни институции вклучени во процесот, објавија денес од Uniqa, пренесува Seebiz.

Договорот за преземање беше потпишан во октомври 2013 година. Тогаш беше соопштено дека вкупната цена на трансакцијата е 75 милиони евра.

Baloise во Хрватска и Србија е присутна преку Basler, односно преку Basler осирурување Загреб и Basler осигурување. Според последните објавени податоци, Uniqa и Basler осирурување Загреб би имале пазарен удел од 7,5% и би го заземале четвртото место на хрватскиот пазар на осигурување. Во Србија, со оваа аквизиција уделот на Uniqa се зголемува за преку 8% и се задржува на петтата позиција на овој пазар.

Uniqa, која на пазарот во Австрија и Источна Европа се натпреварува со ривалот Vienna Insurance Group, планира двојно да го зголеми бројот на своите клиенти до 2020 година преку проширување на исток. Извршниот директор на Uniqa, Андреас Брандштетер, претходно изјави дека компанијата има на располагање една милијарда долари капитал за купување на средни компании во било која од 15-те земји на источноевропскиот пазар.