Uniqa осигурување со нов продукт: Каско Плус

30

uniqa

Uniqa Осигурување неодамна го воведе својот нов производ Каско Плус, со кој е обезбедена зголемена контрола и безбедност при патувањето, како и можност за подобрување на профитабилноста на компаниите. Сите оние кои ќе склучат тригодишен договор за Каско осигурување со траење од три години, ќе добијат и голем број на бенефиции како бесплатен ГПС уред, бесплатна инсталација, како и попуст на претплатата.

ГПС локаторот може да се користи за лична употреба и при тоа овозможува увид и различни видови на известувања на вашето возило со што се зголемува неговата безбедност – полесно пронаоѓање на возилото при кражба и други поволности и извештаи. Компаниите кои ќе го вградат UNIQA ГПС системот ќе имаат опции за зголемена контрола врз возниот парк, како и подобрување на продуктивноста и работната дисциплина, а исто така ќе се спречи и неавторизирано користење на возилата во рамките на  компанијата. Сето ова ќе доведе до намалување на трошоците за гориво, сервис и осигурување на возниот парк на компанија која го поседува ГПС уредот, воедно зголемувајќи ја и нивната сигурност.

„Среќни сме што на пазарот воведуваме нов продукт кој се надеваме за кратко време ќе наиде на голем интерес кај нашите клиенти. Придобивките се навистина огромни, а искуствата од другите земји каде веќе се користи оваа ГПС услуга се на завидно ниво. Со негова помош лесно ќе се следи локацијата на возилото во живо, се креираат извештаи за местата на посети, времетраење на секое застанување, потрошувачка на гориво, известување за влегување и излегување од определена зона, известување за надминување на максималната брзина на делницата од патот, информации за нагло сопирање и забрзување и многу други придобивки кои следуваат со Каско осигурувањето на моторни возила. Сметаме дека со новиот продукт Каско Плус, Uniqa Осигурување ќе понуди исклучителен производ кој ни овозможува многу добра основа за нашиот понатамошен развој“, изјави Босилка Димитрова, член на Управниот одбор на УНИКА а.д. Скопје и одговорна за развојот на нови осигурителни продукти.