United Airlines праќа 2.850 пилоти на принуден одмор

26

Авиокомпанијата United Airlines соопшти дека оваа есен ќе испрати до 2.850 пилоти на принуден одмор, освен ако американската Влада не им обезбеди поголема помош на авиокомпаниите за покривање на деловните трошоци за време на падот поради пандемијата.

United Airlines ќе испрати повеќе пилоти на одмор од Delta Air Lines, кој планира принуден одмор за 1.941 пилоти, додека American Airlines најави отказ за 1.600 вработени.

United Airlines со седиште во Чикаго, ги известил пилотите дека во следните неколку дена по пошта ќе испрати решенија за принуден одмор, кои ќе стапат во сила меѓу 1-ви октомври и 30 ноември.

Фото: Facebook