Uniti – електричен автомобил за урбани средини

51

hero

Фото: Uniti

Шведскиот старт – ап Uniti креираше електричен автомобил наменет за возење низ урбани средини. Според тимот, автомобилот ги заменува досегашните команди од типот на “притискање и влечење“, со “допирање и лизгање“.

Uniti се фокусира на безбедност, одржливост и приспособливост во производството, а сето тоа е овозможено од употребата на рециклирани јаглеродни влакна на каросеријата и ентериерот од органски материјали.

Тимот три години го развиваше Uniti, а една од придобивките е најголемиот и најнапреден HUD (head-up дисплеј) којшто претставува нова ера на безбедност и навигација.

Речиси сите точки за интеракција се дигитализирани, правејќи го возилото лесно за управување како смартфон. Производството се планира во целосно дигитална средина, благодарение на партнерството со Siemens и други глобални лидери.

Uniti ќе се продава онлајн и ќе биде испорачан до домовите на купувачите, а ќе може да се купи и во продавници за електроника.