Универзитет ќе претвора стари телефони во микроскопи за студенти

40

Универзитетот во Тајланд искористил 500 стари донирани мобилни телефони и ги претворил во микроскопи за студенти.

Во училиштата на оваа земја недостасува научна опрема, па затоа мобилните телефони служеле како алтернатива. Планот е универзитетот да направи 2.500 микроскопи.

Сè уште не се откриваат детали, но се знае дека телефоните ќе бидат претворени во микроскопи со нова паметна леќа, за која не е познато како ги претвора телефоните во микроскопи. Една претпоставка е дека леќата ќе ја користи камерата на телефоните за да ја зголеми сликата.

И покрај фактот дека нема детали, ова е секако значаен проект бидејќи им помага на студентите, а истовремено ја намалува количината на електронски отпад.

Фото: Chulalongkorn University