Универзитетот ФОН ја проширува кампањата за стипендирање на млади таленти

27

Фото:Pixabay

Универзитетот ФОН во рамките на кампањата за општествена одговорност и во соработка со Valencia University, Bertone Design Academy, Politechnico di Milano и George Town University ја проширува кампањата за стипендирање на млади умови од Македонија.

Стипендистите кои биле дел од оваа кампања се добитници на награди од Обединетите нации, Светска банка, Микрософт, Хјулит Пакард. Истите работат во Европската Комисија, како млади истражувачи на светски универзитети, меѓународни и домашни компании и институции.

Стипендистите ќе бидат дел од платформата за доживотно образование и од бизнис инкубаторот во којшто со финансиска поддршка од Универзитетите во Валенсија, Милано и Вашингтон ќе може да ги развиваат своите бизнис идеи и креативни процеси, start-up’s, апликации и компании.

Матурантите заклучно со 20 април имаат право да аплицираат преку интернет страницата на ФОН Универзитет или директно преку следниов линк: http://fon.edu.mk/novost.aspx?ln=mk&cid=346