Упорен Бугарин доби одговор од Маск по 154 дена

364
Дека понекогаш упорноста се исплати, докажа од програмер од Бугарија, кој одлучи да добие дозвола од Илон Маск, да создаде игра со логото на компанијата SpaceX.

После 154 дена објавување на ист твит, тој го привлече неговото внимание и доби одговор.

Програмерот Љубомир Владимиров му напишал дека ќе ја објавува истата порака цела година или додека не добие одговор. Тој побара од Маск дозвола за развој на игра инспирирана од SpaceX.

“Почитуван Илон. Јас сум развивач на игри и правам игра за колонизација на Марс со вас и SpaceX. Ако мислите дека е во ред, сè што ми треба е “само напред“ за да ги користам вашето име и лог. Ќе го објавувам ова секој ден една година или додека не добијам да или не “, стои во објавата на развивачот на игри.

По 22 недели убедување, извршниот директор на Теsla конечно одговори на барањето на Владимиров.

“Можете да го украдете нашето име / лого и веројатно нема да ве тужиме“, одговори тој од неговиот профил на Twitter.

Владимиров по овој одговор објави дека ако играта биде успешна 80% од профитот ќе легне на сметката на Маск.

Фото: Тwitter- Facebook