Употребата на биткоинот е забранета во Етиопија

63

Во Етиопија е забранета употребата на криптовалутата биткоин.

Во соопштението на Централната банка на Етиопија се вели дека трансакциите со биткоин во Етиопија се нелегални и дека ќе бидат преземени мерки против оние кои вршат трансакции на тој начин.

За прв пат во Африка, биткоинот е прифатен како средство за плаќање во Централноафриканската Република.

Централноафриканската Република стана втората земја, по Ел Салвадор, која го прифати биткоинот како средство за плаќање.