Ураганот Сенди удри по цената на нафтата

56

Цените на нафтата паднаа во понеделникот на меѓународните пазари поради затворањето на рафинериите на источниот брег на САД пред ударот на ураганот Сенди, што го намали производството на нафтени деривати во најголемиот светски потрошувач. Цената за барел сурова нафта на лондонскиот пазар беше во минус 1,04 долари, спуштајќи се на 108,51 долари. На американскиот пазар за барел се тргуваше со за 60 центи пониска цена, од 85,68 долари.

Аналитичарите предупредуваат дека ураганот веројатно ќе ја стивне потрошувачката на нафта во САД, со оглед на прекинот во меѓународниот и градскиот сообраќај, како и поради откажаните летови во загрозените подрачја.

“Поради намаленото преработување во рафинериите, веројатно ќе пораснат залихите на сурова нафта, што може моментално да ги притисне цените”, нагаѓа Мајкл Крид од National Australia Bank во Мелбурн.