Македонската компанија Урбан инвест ДОО Кавадари, склучи договор од 1,5 милиони евра со бугарската општина Браќа Даскалови.
Како што соопштуваат од Урбан инвест, предмет на договор е изградба на поплочување со павер елементи на тротоари и плоштади во селата Оризово, Плодовитово и Мирово, кои се дел од бугарската општина Браќа Даскалови.
Од компанијата додаваат и дека проектот кој ќе се реализира во оваа година во оваа општина е финансиран од страна на Европската унија.