Проектот на УСАИД Младинска мрежа за стекнување вештини за вработување (Мрежа ЈЕС) го основа Локалниот економско-социјален совет (ЛЕСС) на Градот Скопје.
Спогодбата ја потпишаа градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, претседателот на Организација на работодавците на Македонија, Ангел Димитров, претседателот на Сојуз на синдикати на Македонија, Живко Митревски, в.д претседателот на Конфедерација на слободни синдикати на Македонија, Виолетка Спасевска и директорот на Мисијата на УСАИД, Џејмс Стајн.
Седиштето на ЛЕСС ќе се наоѓа во Град Скопје. ЛЕСС има консултативно-советодавна функција и разгледува прашања и дава мислења, предлози и препораки за одредени прашања од економско социјалната сфера, особено прашањето за вработувањето на младите и зајакнување на суштинските врски меѓу потребите на пазарот на труд дефинирани од деловните субјекти и вештините што се развиваат кај младите преку образовниот систем.
Проектот на УСАИД Мрежа ЈЕС помогна да се основаат ЛЕСС во Струмица, Штип, Тетово, Гостивар, Битола и е исто така партнер на Економскиот совет од Прилеп. Советите ЛЕСС како членови вклучуваат претставници на работодавачите, работниците, Агенцијата за вработување, образовниот сектор и граѓанското општество.
Проектот на УСАИД Мрежа ЈЕС ќе го поддржува Советот и ќе работи на градење на неговите капацитети со цел тој да доставува значајни препораки до Градот Скопје.