USAID им помага на микропретпријатијата за подобар пристап до јавните набавки

35

USAID во Куманово го промовираше проектот Пристап на микропретпријатијата до јавните набавки, кој се проширува од досегашните два региони Вардарскиот и Источниот на Свероисточниот и Југоисточниот.

“Јавните набавки претставуваат една од главните алатки кои може да придонесат за економскиот развој на една земја, токму заради тоа од друга страна ги имаме микропретпријатијата кои придонесуваат и се едни од најбројните економски субјекти и знаеме дека нивнот пристап до јавните набавки е отежнат. Токму затоа сакаме да им помогнеме како да добијат подобар пристап до нив, а преку тоа да помогнат во целиот процес и да им помогнат и на самите договорни органи и на Владата да се зголеми конкуренцијата за јавни набавки и во истовреме да се добијат подобри понуди со најдобри цени“, вели директорот на USAID, Џејмс Стаин.

Досега од Североисточниот регион се пријавиле шеесетина микропретпријатија, но надлежните очекуваат бројката да достигне до 150-тина фирми. Со двата нововклучени региони, проектот се проширува на 15 општини со 150 договорни органи.

“На 300 микропретпријатија ќе им помагаме секојдневно полесно да настапат на пазарот на јавни набавки. Од друга страна работиме со 35 општини од сите овие региони и со преку 350 договорни органи кои од друга страна треба да ги намалат своите бариери за да овозможат поголемо учество на микропретпријатијата во јавните набавки, бидејќи тие во економијата учествуваат со 95% како микропретпријатија, но во јавните набавки нивното учество е помало“, вели раководителот на проектот на USAID, Герман Филков.

Микропретпријатијата се важен чинител ги има во голем број, но немаат доволно капацитети, знаења и информации за учество во јавните набавки.

“Ние ги охрабруваме и нудиме обука, знаења, прирачници, секојдневна помош за да ги надминат своите слабости, да се охрабрат и да влезат на пазарот на јавни набавки и тие да видат бенефит од тој огромен потенцијал кој што годишно изнесува околу милијарда евра“, вели Филков.

Во проектот опфатени се два регионални центри за поддршка на микропретпријатијата во Велес и ги опслужува микропретпријатијата од Вардарскиот и Севереоисточниот регион и Регионалниот Центар во Штип кој ги опслужува, микропретпријатијата од источниот и југоисточниот регион. Претпријатијата треба да имаат вработено до десет лица за бесплатно да ги користат овие услуги.

“Работиме на дневна основа со микропретпријатијата кои што можат да се јават по телефон да ја добијат услугата, да дојдат директно во центарот или, пак, на нивна потреба да се јават и нашите асистенти да отидат директно во фирмата и да им асистираат, да им помогнат, да ја симнат, да ја пополнат тендерската документација, директно да учествуваат на електронските аукции кога се пријавиле и добиле можност да се наддаваат, исто така асистираме и даваме редовно информациии за тековни огласи кои што се распишани, а и самите можат преку веб-страната zanabavki.mk“, вели координаторот на Регионалниот Центар за поддршка на микропретпријатијата во Севеоисточниот регион, Весна Шкортова.

Минатата година од 287 микропретпријатија, тендери добиле 203 фирми со вкупна вредност од 1,7 милиони евра.