УСАИД обучува адвокати обучувачи 

11

obuka

Оваа седмица, 27 адвокати од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија и од Србија се собраа на петдневна работилница за развој на наставна програма организирана од Балканската регионална мрежа за владеење на правото (БРМВП) со поддршка од УСАИД и од мисијата на ОБСЕ во Скопје.

На крајот на работилницата, директорот на мисијата на УСАИД, Џејмс Стајн и Никола Додевски, претседател на Адвокатската комора на Република Македонија ја нагласија важната улога на адвокатите и ги охрабрија да ја преземат водечката улога во развојот на интерактивна, практична наставна програма базирана на вештини.

“Образовните традиции во овој регион го нагласуваат теоретскиот пристап кон учењето, но за да се биде ефективен на суд неопходно е да се научат практични вештини преку вистински предмети, вистински факти и вистински клиенти”, рече Џејмс Стајн, директор на мисијата на УСАИД во Македонија.

Работилницата ја водеа професорите Барбара Барон од Соединетите Американски Држави и Идлир Печи од Албанија, експерти по наставна методологија и наставни програми. Учесниците научија како да развијат и да предадат интерактивен курс по скоро било која тема и создадоа конкретен курс за првично апсење и притвор пред судење што ќе се предава во живо и онлајн (преку интернет страницата на БРМВП) во нивните земји.

Проектот БРМВП гради механизми за соработка и споделување на најдобрите практики, алатки и знаења помеѓу адвокатските комори во регионот и граѓанските организации во областа на правото (ГО). Од почнувањето во 2014 година, БРМВП создаде мрежа од околу 50 членки од регионот, вклучувајќи адвокатски комори, адвокати, граѓански организации и новинари – кои се состануваа во текот на годината за да ги разгледаат проблемите и проектите во клучните области на: образованието, правната помош, капацитетите на адвокатските комори, реформата на кривичното право и медиумите.