УСАИД Проект за микро и мали претпријатија: За шест години создадени над 350 работни места и остварени 21 милиони долари приходи

53

usaid

Денеска беше одбележано завршувањето на Проектот на УСАИД за микро и мали претпријатија, ко – финансиран од страна на Владата на Швајцарија и имплементиран од Центарот за развој на претприемачи и менаџери ЦЕЕД Македонија.

Амбасадорот на САД, Џес Бејли во своето обраќање истакна дека со гордост го затвораат овој проект, знаејќи дека проектот им помогнал на стотина мали претпријатија низ сите краишта на земјата коишто ќе продолжат да придонесуваат кон развој на економијата во земјата.

bejli

“Горди сме на фактот дека, преку овој проект, заеднички успеавме да им помогнеме на малите бизниси да отворат над 375 работни места. Да обезбедиме обука и услуги за поддршка на развојот на речиси 400 корисници на проектот, кои им помогнаа за освојување нови пазари и поголема присутност на истите. Да инвестираме 700.000 долари во осум мали бизниси преку Микро инвестицискиот фонд создаден во рамките на овој проект, со којшто им беше овозможен пристап до финансии витални за нивниот раст и развој… Да го основаме ЦЕЕД Хаб Скопје на почетокот на 2016 година, со цел да им овозможиме на стартапите во Македонија средина и екосистем кои ќе го поттикнуваат нивниот развој и да помогнеме во доближување на ЦЕЕД Клубот на бизнис ангели до претприемачите со потенцијал, кои досега направија инвестиции во вредност од речиси 140.000 евра“, вели Бејли.

Швајцарија се приклучи на Проектот на УСАИД за микро и мали претпријатија пред околу четири години.

sibil-suter

“Набрзо по нашето приклучување почнавме да размислуваме како да ги поддржиме стартапите. Тогаш, ЦЕЕД предложи да отвориме хаб, којшто ќе работи со млади креативни луѓе со претприемачки потенцијал и ќе им го отвори патот кон успехот. Се согласивме и предлогот се покажа како успешен. Важно е компаниите ширум Македонија да имаат пристап до знаење, можности за вмрежување и финансии. Тоа ќе им помогне да растат и да се развиваат како што веќе се случи со голем број од компаниите вклучени во проектот“, вели амбасадорката на Швајцарија, Сибил Сутер.

jovan-madzovski

Генерална цел на УСАИД Проектот за микро и мали претпријатија беше да го поттикне економскиот раст и креирањето на работни места во земјата преку зајакнување на микро компаниите и максимизирање на нивниот придонес во националната економија, рече директорот на Проектот на УСАИД за микро и мали претпријатија, Јован Маџовски.

“Во компаниите кои беа дел од проектот во периодот од 2011 до 2016 година креирани се 354 нови работни места и 314 можности за работа, односно кумулативно бројот на вработени во овие компании е зголемен за 25,8%. Истите овие компании генерирале приходи од 21 милиони долари во овој период“, вели Маџовски.