Уште 600 милиони евра за Западен Балкан

29

Европската унија (ЕУ) планира да обезбеди нови 600 милиони евра финансирање во согласност со нејзиниот Економски и инвестициски план за Западен Балкан до крајот на 2021 година, рече претседателката на Комисијата на ЕУ, Урсула фон дер Лајен. 

“Оваа година, веќе се ставени на располагање 500 милиони евра. И јас сум среќна што можам да објавам дека, бидејќи проектот напредува толку добро, ние сме во состојба да ставиме уште 600 милиони евра на маса за оваа година, рече Фон дер Лајен. 

Во октомври 2020 година, Европската унија го усвои Економскиот и инвестициски план за Западен Балкан за поддршка на економското закрепнување и приближување на регионот со ЕУ преку одржлива поврзаност, човечки капитал, конкурентност и инклузивен раст и двојна транзиција – зелена и дигитална.

Фото: Pixabay