Уште 8 дена за пријавување на Виз Ер Скопски маратон

19

Оваа година Виз Ер Скопски маратон ќе се одржи во недела, 06.045.2018, со старт во 08.30 часот. На агендата повторно се маратонот, полумаратонот, штафетниот маратон и трката на 5 километри. Поради ефектот кој Виз Ер Скопски маратон го имаше во Македонија и пошироко оваа година светската рекордерка Пола Редклиф ќе биде промотор на Виз Ер Скопски маратон.

Пријавувањето за трките на Виз Ер Скопскиот маратон трае до 27-ми април 2018 и остануваат уште само 8 дена заинтересираните да се вклучат на овој традиционален маратон. За повеќе детали и за пријавување може да се посети официјалната веб страна на Виз Ер Скопски маратон skopskimaraton и преку партнерот за онлајн регистрација на Виз Ер Скопскиот Маратон smartrace.club.

Оваа година Виз Ер Скопски маратон повторно надмина еден сопствен рекорд со тоа што учесници од 53 земји од целиот свет се пријавија на трките, за разлика од рекордот од минатата година кога имаше учесници од 51 држава. Организацијата на Виз Ер Скопскиот маратон се реализира на високо ниво благодарение на помошта и поддршката од Град Скопје, Агенцијата за млади и спорт, Делегацијата на ЕУ, спонзорите и партнерите.

Воедно, насловниот спонзор Виз Ер и годинава на секој учесник ќе му додели вредносен ваучер за купување на авионски билети преку нивната официјална страна.

Виз Ер Скопски маратон би сакал да ги извести сите лица кои се заинтересирани за волонтирање дека повикот е сѐ уште отворен и дека може да се пријават на следниот линк: skopskimaraton.volonteri

Повеќе од 10 години Виз Ер Скопски маратон игра значајна улога во развојот на рекреативното и натпреварувачко спортување, посебно во трчањето.