Уште еден авион на Виз Ер ќе лета од скопскиот аеродром

47

wizz-air-lanseaza-doua-noi-rute-din-bucuresti-spre-girona-si-perugia1362662713На денешната промоција на вториот авион на нискобуџетната авиокомпанија Виз Ер, која реализира летови со субвенции од Владата, ќе присуствува и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.

Извршниот потпретседател на Виз Ер, Џон Стивенсон, за време на настанот ќе ги објави плановите за раст на компанијата преку нејзината база на скопскиот аеродром.

Авиокомпанијата од октомври минатата година воведе летови од скопскиот аеродром кон шест европски дестинации. Со потпишувањето на тригодишниот договор со Владата, компанијата се обврза да воспостави база од најмалку еден авион на аеродромот Александар Велики во Скопје и да ја одржува во период од три години.

До крајот на следната година за субвенционирање авиолетови се планирани 306 милиони денари. Субвенционирањето се врши врз основа на воведување нови дестинации и зголемување на бројот на патници.