Уште еден jубилеј за Макпрогрес Виница – 20 години од производите на Сончева долина

232

sonceva dolina

Дваесет години речиси и да не поминал ден во едно македонско домаќинство без некој од производите на Сончева долина – брендот на Макпрогрес Виница, којшто летово го прославува своето јубилејно постоење, стои во соопштението.

Името на брендот е асоцијација за сончевите кочанско – винички полиња, каде благодарение на преку 280 сончеви денови годишно и специфична микро клима, успева квалитетниот наделеку познат Кочански ориз и други земјоделски и раноградинарски производи кои се дел од гамата на Сончева долина.

Главна дејност на Сончева долина е преработка на зрнести земјоделски производи како и нивно пакување. Линијата започнува со работа во далечната 1996 година. Денес, произведува преку 1.000 тони производи годишно. Производите на Сончева долина се карактеризираат со врвен квалитет и се 100% природни.

Помеѓу широката палета на висококвалитетни зрнести и прашкасти производи, Сончева долина доминира на пазарот и со пакуван сушен зеленчук и зачини. Својата употреба овие производи подеднакво ја наоѓаат во домаќинствата и прехранбената индустрија, како и во подготовката на солени и слатки јадења.

Sonceva dolina

Макпрогрес е компанија која постојано вложува и ја проширува палетата на производи трудејќи се да ги задоволи различните потреби и барања на потрошувачите. Со вметнување на производната линија на производи кои во себе не содржат глутен, а се богати со витамини и минерали, Сончева долина беше меѓу првите брендови во Македонија кој ги направи своите производи безбедни за малите дечиња и посакувани на секоја трпеза.

Производите кои се произведуваат, пакуваат и продаваат под Сончева долина се производи што во целост ја имплементираат, поддржуваат,  и спроведуваат на дело визијата и мисијата на Макпрогрес.

Производите на Сончева долина се инспирација за збирка рецепти – Вкусна инспирација од Сончева долина, која компанијата ја издаде за да го збогати менито на македонските трпези. Рецептите во збирката се совршен баланс на традиција, квалитетни суровини и креативни рецепти. Готвачот Вкусна инспирација од Сончева долина можете да го симнете од следниов линк: http://www.soncevadolina.mk/cookbook.

Успехот на компанијата е резултат на постојано унапредување на производството и рецептурите, примена на најсовремена техника и технологија и имплементација на меѓународни стандарди. Макпрогрес ДОО е прва компанија во Република Македонија која основа бренд за пакувани основни намирници во земјава, кои претходно се продаваа само на размер на пазарите.