Уште еден милијардер ќе се одрече од половина богатство

55

Директорот на компанијата Blackston, Стивен Шварцмен, се обврза дека поголемиот дел од неговото богатство ќе го даде во хуманитарни цели и потпиша таканаречен завет на давање (The Giving Pledge).

Станува збор за иницијатива којашто ја покренаа Бил и Мелинда Гејтс и Ворен Бафет во 2010 година со цел да ги поттикнат милијардерите низ светот да донираат дел од своето богатство во филантропски цели.

Досега заветот на давање има 206 потписници од 23 земји, кои се обврзаа дека ќе дадат вкупно повеќе од 500 милијарди долари.

Меѓу потписниците се и директорот на Facebook, Марк Цукерберг, основачот на Tesla, Илон Маск и претседателскиот кандидат за САД, Мајкл Блумберг, сопственик на Bloomberg.

Фото: Pexels