
Изминатите неколку недели беа брутални за First Republic Bank од Сан Франциско.
Неодамнешниот финансиски извештај на банката покажа дека американската банка загубила повеќе од 100 милијарди депозити во првиот квартал од оваа година.
Банката соопшти дека забележала остар пад на депозитната активност по колапсот на Silicon Valley Bank и Signature Bank минатиот месец, но таа активност почна да се стабилизира кон крајот на март и оттогаш остана стабилна. Сепак, и покрај ова, некои аналитичари велат дека колапсот на банката е неизбежен.
„Секој ден станува сè појасно дека First Republic Bank е “готова“. „Единственото прашање на кое навистина треба да се одговори е дали FDIC „се вселува“ во банката пред викенд или за време на викендот, кога тоа обично се случува“, рече Дон Билсон од финансиската куќа Гордон Хаскет во Њујорк.
Си-Ен-Ен објави дека тргувањето со акциите на банката било стопирано неколку пати во вторникот и средата бидејќи нејзиниот брз пад предизвика „тајмаут“ на Њујоршката берза.
Најголемиот страв на инвеститорите, според американските медиуми, е дека First Republic ќе банкротира. Кога проблематична банка банкротира, тоа значи дека регулаторниот орган или владината агенција ја преземаат контролата врз банката и нејзините средства, обично со цел да ги ликвидираат средствата на банката за да ги исплатат нејзините доверители. Стечајот може да има значајни последици за клиентите, акционерите и вработените на банката, како и за поширокиот финансиски систем, смета Дејвид Шиеврини, аналитичар во Wedbush Securities.











