Уште една балканска земја ќе произведува електричен автомобил

251

Групацијата Renault којашто е сопственик на романската марка на автомобили, потврди дека Dacia ќе добие свој електричен модел најдоцна во рок од две години. Со оглед на тоа што Renault со години нуди електрични модели, беше само прашање на време кога својата технологија ќе ја пренесе и на романскиот производител.

Во плановите на Renault за периодот до 2022 година се споменува лансирање на целосно електричен модел, Dacia Urban City Car. Кога точно ќе се појави електричната Dacia на пазарот не е прецизирано, но се вели дека тоа ќе биде во периодот 2021-2022 година.

Со оглед на тоа што во описот на возилото се вели дека станува збор за мал градски електричен модел, една опција е тој да биде препакуван електричен Twingo Z.E, којшто Renault веќе го најави за 2020 година.

Друга опција е електричната Dacia да биде европска в ерзија на постоечкиот модел на Renault City K-ZЕ што се продава на кинескиот пазар. Во тој случај, романската фабрика треба да направи одредени измени за да ги исполни построгите европски стандарди.

Фото: Pixabay