Уште една индустрија “парализирана“ поради недостигот на чипови

27

Глобалниот недостиг на чипови предизвика големи проблеми во производството на автомобили, ги намали залихите на производителите на електроника за широка потрошувачка, а сега им создава проблеми и на производителите на апарати за домаќинство, коишто не успеваат да ја покријат побарувачката.

Според првиот човек на кинескиот огранок на американската компанија Whirpool, Џејсон Аи, во одредени период компанијата доцни со испорака од Кина во Европа и САД.

Whirpool спаѓа меѓу најголемите производители на бела техника во светот, потсетува Ројтерс.

“Од една страна мора да ја задоволиме домашната побарувачка за апарати, од друга страна се соочуваме со експлозија на извозните нарачки. Што се однесува до чиповите, за нас во Кина тоа беше неизбежно“, рече Аи.

Компанијата се обидува да обезбеди доволно микроконтролери со едноставни процесори вградени во повеќе од пола од нејзините производи, вклучувајќи микробранови печки, фрижидери и машини за перење алишта.

Недостигот на чипови го загрози работењето на бројни компании, особено на оние што произведуваат автомобили. На пример, General Motors беше принуден да го намали производството, производители на паметни телефони, како што е Xiaomi, се соочиле со големи трошоци.

Фото: Pexels