Уште една криптовалута вртоглаво расте

220

Дигиталната валута етериум достигна врв од 1.641 долари. Етериумот забележа годишен раст од приближно 120%. Ова е втора најважна дигитална валута по биткоинот.

Новиот раст на вредноста на оваа валута се случи затоа што се подготвува почетокот на трговијата со т.н. фјучерси на етериум, односно договори за испорака во иднина. Почетокот на оваа трговија се очекува на берзата во Чикаго следната недела.

Под водство на биткоин, криптовалутите стануваат сè посилни, бидејќи големите инвеститори почнуваат да ги прифаќаат и нив. Еуфоријата доведе до вкупна пазарна вредност на сите криптовалути во јануари годинава да надмине 1.000 милијарди долари.