Уште една земја ќе тестира четиридневна работна недела

180

Нова пилот-програма во Обединетото Кралство е најновата во низата што ќе тестира четиридневна работна недела.

Пробата на четиридневната работна недела во Велика Британија ќе започне во јуни, а на неа ќе учествуваат 30-тина компании кои досега се пријавиле за неа. Шестмесечната програма ќе им овозможи на компаниите да работат 32 часа неделно, а притоа да останат непроменети нивните надоместоци и бенефиции за вработените.

Компаниите може да побараат од персоналот да распоредат 32 часа на пет дена.

„Префрлувањето на четиридневна недела би било корисно за компаниите“, рече Џо Рајл, директор на кампањата за четиридневна работна недела во Обединетото Кралство.

Минатата година Исланд објави резултати од повеќегодишна програма за тестирање пократка работна недела. Резултатите покажале дека вработените се посреќни, поздрави и попродуктивни кога работат само четири дена во неделата. Компании меѓу кои и јапонската подружница на Мајкрософт исто така тестирале вакви програми, а Панасоник неодамна воведе опција за четиридневна работна недела за вработените.