Уште една земја наскоро дел од „Отворен Балкан“

237

Шефот на парламентарната група на Социјалистичката партија на Албанија, Тауљант Баља денеска најави дека во наредните недели уште една земја од регионот ќе стане дел од „Отворен Балкан“, но не откри за која земја станува збор.

Во своето обраќање пред парламентот, Баља ја повика и Приштина да се приклучи на оваа иницијатива, пренесува „Albanian Daily News“.

„Нема сомнеж дека уште една земја ќе се приклучи на „Отворен Балкан“ во наредните недели. Се надевам дека со есенските избори во БиХ, босанската влада ќе се приклучи на „Отворен Балкан“, изјави шефот на парламентарната група на Социјалистичката партија на Албанија.