Кинеската компанија специјализирана за вакцини CanSino Biologics ја патентираше првата потенцијална вакцина против Ковид-19 наречена „Ad5-nCOV“, јавуваат државните медиуми, повикувајќи се на документи за заштита на интелектуалната сопственост.
Ова е прва патентирана вакцина во Кина, објави државниот весник People’s Daily, повикувајќи се на документите објавени од кинеската Национална управа за интелектуална сопственост. Патентот беше потврден на 11 август.
Саудиска Арабија објави дека планира да ја започне третата фаза од клиничките испитувања на вакцината овој месец. Компанијата соопшти дека исто така е во преговори со Русија, Бразил и Чиле за започнување на трета фаза на тестирање во тие земји.
По вестите, акциите на CanSino Biologics на берзата во Хонг Конг се зголемија утрово за околу 14 %, а на берзата Шангај за 6,6 %.
Фото: Freepik