Уште едно намалување на горивата – од ноќеска поевтини за 3,50 денари

21

benzinska-pumpa-

Цените на горивата, според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска ќе се намалат за 3,50 денари.

Новата цена на Еуросупер БС – 95 ќе изнесува 62 денари, додека цената на Еуросупер БС – 98, по ова намалување ќе биде 63,50 денари. И дизелот поевтинува за 3,50 денари, па така новата цена на Еуродизел (Д-ЕV) ќе биде 52,50 денари.

Малопродажната цена на Екстра лесно масло задомаќинство (ЕЛ-1) се намалува за три денари за литар и новата цена ќе биде 41,50 денари за литар. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 3,064 ден/кг, во однос на цената утврдена согласно Одлуката од 15.12.2014 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 24,448 денари за килограм.