Уште едно поскапување на горивата

170

Горивата од полноќ добиваат нови и повисоки цени од еден до 1,50 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Бензинот Еуросупер БС – 95 поскапува за 1,50 денари и неговата нова цена ќе биде 59,50 денари по литар. Бензинот Еуросупер БС – 98 добива нова цена повисока за еден денар и ќе се продава по 61,50 денари за литар. За еден денар поскапува и Еуродизел (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство, па нивните нови цени ќе бидат 51, односно, 40 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,273 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 08.06.2020 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 24,886 ден/кг.

Фото: Freepik