Уште едно поскапување на горивата

49

Горивата од полноќ добиваат нови и цени повисоки за еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на Еуросупер БС – 95 ќе биде 60,50 денари за литар, додека Еуросупер БС – 98 ќе се продава за 62,50 денари. Оваа недела, Еуродизел (Д-Е V) ќе се продава за 52 денари, додека еден литар Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе чини 41 денар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,510 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 15.06.2020 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 25,396 ден/кг.

Фото: Freepik