Уште едно поскапување на горивата

42

Бензините од полноќ поскапуваат за еден, а дизелот за половина денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на Еуросупер БС – 95 ќе биде 64,50 денари, додека литар Еуросупер БС – 98 ќе се точни по 66 денари.

Еден литар Еуродизел (Д-Е V) неделава ќе се продава за 55 денари за литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство ќе биде 44 денари за еден литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,417 ден/кг во однос на цената утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.02.2021 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 34,759 ден/кг.

Фото: Pexels