Уште едно поскапување: Расте цената на гумите

188

Пред неколку месеци, медиумите пишуваа дека на светот му претстои период во кој цените на автомобилските гуми значително ќе се зголемат, како резултат на смртоносна болест што ги напаѓа плантажите со каучук, основната суровина за производство на автомобилски гуми.

Трендовите на пазарот сега покажуваат дека сигурно може да се очекуваат значителни зголемувања на цените на гумите бидејќи неодамна имаше значителни зголемувања на цените во целиот синџир на производство и снабдување.

Трошоците за производство на природна гума во првата половина на 2021 година беа во просек 57 % повисоки од минатата година. Поскапувањето на нафтата влијаеше и на цената на синтетичката гума, која во првите шест месеци беше 66 % над просекот во 2020 година.

Цената на електричната енергија исто така се зголеми за 154%, што е особено важно за земјите каде се произведуваат гуми. Исто така, надоместоците за превоз на товар со контејнери се зголемија за повеќе од 200%, пренесува Index.

Фото: Pixabay