Уште ова не беше досега измислено – паметна WC школка прави анализа…

35

Компанија под името Toto подготви необичен концепт на паметна WC школка под името Project Wellness.

WC-то е опремено со сензори слични на оние што се користат за испитување на отпадните води во градовите, па може да направи анализа на столицата и урината на корисникот. Добиените резултати преку апликација ги испраќа на мобилниот телефон на корисникот, а врз основа на тоа дава совети за балансирана исхрана.

Концептот се темели на технологија што може да детектира ниво на стрес, физичка подготвеност и други телесни параметри, а може да собира и најразлични здравствени податоци.

Доколку заживее овој концепт, Project Wellness ќе има напреден систем за миење, чистење и дезинфекција, којшто по секое негово користење ќе го врати во стерилна состојба. Тоа значи дека секој корисник ќе има и сопствен профил во апликацијата, па анализата ќе може да се прави за секој поединечно.

Фото: Freepik