Усје прокнижи добивка од 1,4 милијарди денари во 2014

15

usje

Компанијата Усје евидентираше добивка од 1.461.610.000 денари, покажува билансот на успех, објавен на Македонска берза.

Вкупната добивка на Усје една година претходно беше 1.540.012.000 денари.

Вкупните приходи од продажба на Усје се на ниво од 3.995.312.000 денари, од кои на домашен пазар се остварени 2.963.800.000 денари, додека остатокот од 1.031.512.000 денари отпаѓаат на странски пазари.