Усје се вклучи во активностите за одбележување на Европската недела на мобилност

16

cementarnica usje

И оваа година, Цементарница Усје се вклучи во активностите за одбележување на Европската недела на мобилност, којашто традиционално се одржува од 16-ти до 22-ри септември. На велосипедското дефиле низ улиците на Скопје, што се одржува на Светскиот ден без автомобили и со кое официјално завршува Европската недела на мобилност, учествуваа голем број вработени во Усје, предводени од менаџментот.

Дополнително, компанијата донираше и пет велосипеди за најсреќните учесници на дефилето чии имиња беа извлечени на завршната приредба во градскиот парк.

Исто така, денеска сите вработени на Усје пристигнаа на своите работни места користејќи го јавниот превоз, пеш или со велосипеди, со што ја продолжија сопствената акција којашто се спреведува секоја среда кога вработените доаѓаат на работа без автомобил и на таков начин, преку личен пример, ја потврдат својата заложба за заштита на животната средина и  промоција на здравиот начин на живот.

“Како компанија, но и како луѓе се трудиме во континуитет да промовираме и спроведуваме активности кои ја јакнат свеста и повикуваат на конкретна акција за поголема заштита на животната средина и здравјето на луѓето. За да ја оствариме оваа цел свесни сме дека треба да придонесеме сите како поединци, компании и како заедница. Затоа нашата компанија, покрај континуираните активности во овој сегмент, со задоволство е дел од сите заеднички акции, како што е Европската недела на мобилност“, изјави Борис Хрисафов, главен извршен диркетор на Цементарница Усје.

Активностите за годинешното одбележување на Европската недела на мобилност се одвиваа под мотото Паметна и одржлива мобилност – влог за Европа, во организација на Градот Скопје, Министерството за животна средина и просторно планирање, Делегацијата на Европската унија во земјава и УНДП. Целта на сите активности со коишто се промовира одржливата мобилост е да се испрати пораката дека користењето на алтернативните видови транспорт придонесува за унпаредување на животната средина и здравјето на луѓето и затоа тие треба да бидат првиот избор, пред автомобилите.

Традиционално, Усје се вклучува во голем број глобални и национални активности за заштита и унапредување на животната средина. Целите на ваквите активности се составен дел од деловната култура на Цементарница Усје, која од декември 2008-ма е потписик и локален член на Глобал Компакт договорот на Обединетите Нации. Со потпишување на овој договор, Цементарница Усје АД ги прифати десетте принципи на добро корпоративно управување, меѓу кои е и заштитата на животната средина.