Успешни навики на експертите за финансии – штедете како професионалец

198

Денес е сè потешко да заштедите пари. Многумина би сакале да заштедат или да инвестираат во нешто, но не знаат од каде да започнат, како да се организираат – нешто секогаш ќе ви се испречи, и воопшто, управувањето со финансиите не е толку едноставно како што изгледа. Ако сакате да “баратате“ со пари како професионалец, следете ги овие навики на искусни инвеститори.

Штедете рано

Секое планирање однапред е важно, особено ако заработката не ви е голема, од што зависи пензијата подоцна. Приватните пензиски фондови веќе подолго време се шират низ целиот свет, а и кај нас сè повеќе и повеќе. 

Застанете на време

Дали растат вашите приходи? Тоа секако не значи дека треба да потрошите повеќе. Луѓето обично посегнуваат по нов автомобил или најскапиот телефон кога станува збор за раст на заработката, но факт е дека колку повеќе имате – толку повеќе трошите и така секогаш ќе бидете во еден маѓепсан круг.

Учење 

Понекогаш не е доволно само да одите на работа и да работите осум часа на ден. Потоа доаѓате дома навечер и гледате телевизија доцна, наместо да го користите тоа време попаметно. Всушност, најуспешните луѓе никогаш не престануваат да се образуваат.

Запишете ги фиксните трошоци

Не можеме да бегаме од сметките. На месечно ниво, секој знае колку плаќа: рата за заем, кирија, сметка за телефон, електрична енергија… Направете анализа на  трошоците и потоа распределете го она што ви останува. Обидете се да издвојувате најмалку 5 до 10% од вашата плата секој месец.

Фото: Pixabay