Успешните луѓе не паѓаат во овие ментални замки

249

Нашите мозоци постојано бараат логика и извлекуваат одредени заклучоци од работите кои нè опкружуваат и ни се случуваат. Но, тие заклучоци некогаш може да бидат погрешни и да ни наштетат. Ако моделите по кои донесуваме погрешни заклучоци се повторуваат, тогаш можеме да речеме дека сме паднале во одредена ментална замка. Ова се некои од нив:

Одлуки засновани на емоции

Една од најчестите грешки е кога емоциите ги заменуваат фактите при донесување на одлуки. Тоа е една од најчестите ментални стапици во кои паѓаме.

На пример: “Чувствувам дека моите идеи не се вредни, така што нема да ги претставам на деловен состанок, туку ќе ги оставам другите да зборуваат“.

Емоционалното расудување предизвикува луѓето да донесуваат погрешни одлуки. Наместо тоа, треба рационално да го разгледаме проблемот и да размислиме што можеме да сториме за да го решиме.

Префрлање на вина

Сите имаме тенденција да префрлиме вина кога другите ги сметаме за одговорни за нашите постапки и чувства.

На пример: “Јас ја работам работата совршено, но директорот ме мрази и затоа не напредувам“. Честопати ги обвинуваме другите затоа што е полесно да го сочуваме чувството за самопочит и да не  си ги прифаќаме недостатоците.

Но, тоа исто така значи дека не учиме од нашите грешки и не правиме ништо за да напредуваме и се развиваме. Експертите советуваат да прифатите своја вина и да размислите што можете да направите за да ги подобрите вашите сопствени квалитети.

Заблуда за праведност

Оние што имаат заблуда за праведноста, веруваат дека на крајот, секоја ситуација ќе заврши на праведен начин.

На пример: “Колега доби унапредување, а јас не. Тоа не е фер бидејќи работам повеќе од него “.

Имате право, светот не е секогаш фер и добро е тоа да го прифатите. Во спротивно, ќе почувствувате гнев и горчина од кои најмногу ќе си наштетите себеси. Наместо емотивна реакција, кажете си: “Заслужив унапредување, но немам секогаш контрола над сите настани. Можеби можам да разговарам со шефот за тоа што треба да направам, за тоа да бидам јас следниот пат“

Персонализација

Персонализацијата е кога доживуваме сè лично и честопати се обвинуваме за нешто без никаква логична причина.

На пример: “Мојот син доби лошо оценка на училиште, и јас сум виновен/а што не работев доволно со него“.

Психолозите велат дека персонализацијата може да доведе до емоции како што се вина, срам и чувства на несоодветност.

За да се справите со ова искривено разбирање, размислете што конкретно сте направиле погрешно во случајот. Потоа размислете дали за сето тоа сте само вие виновни. Ако го погледнете проблемот од надворешна гледна точка, можете да видите дека всушност, цела низа фактори играле улога во конечниот исход и дека можеби не сте главниот виновник.

Фото: Pexels