Успешните претприемачи треба да менторираат – конференција со Џеф Хофман

4

“Successful entrepreneurs should be mentoring”

Успешен претприемач, докажан извршен директор, светски мотивациски говорник, автор, продуцент на холивудски филм и продуцент на Греми добитник – џез албум во 2015 година. Тој е основач на повеќе старт – ап компании, бил извршен директор на јавни и приватни компании и работел ако висок претставник на извршната власт на различни функции.

Џеф Хофман е дел од голем број на познати компании, вклучувајќи ги Priceline.com, uBid.com, ColorJar, и многу повеќе.

Џеф Хофман денеска (27-ми септември) за прв пат доаѓа во Скопје. Целта на неговата посета е да се разменат претприемачки искуства и да се мотивираат успешните локални претприемачи да возвратат на заедницата и на старт – ап еко-системот, преку менторирање на младите претприемачи, старт – ап тимови.

Џеф е во извршните одбори на компании во САД, Европа, Јужна Америка, Африка и Азија и поддржува  претприемачи и мали бизниси во повеќе од 150 земји. Тој, исто така, е дел од одборите на Global Еntrepreneurship Week и The Unreasonable Group. Џеф често е мотивациски говорник, во повеќе од 50 земји, на теми како што се: иновации, претприемништво и бизнис раководство. Тој е ко-автор на книгата SCALE, ‘како-да’ прирачник за вашиот бизнис. Џеф исто така, често држи работилници за иновации за големите корпорации.

Џеф е бизнис експерт кој има гостувано на Fox News, Fox Business, CNN, CNN International, Bloomberg News, CNBC, ABC, и НПР и во публикации, вклучувајќи Forbes, Inc., Time, Fast Company, the Wall Street Journal и многу повеќе.

Пред неговата презентација, македонските еко – систем актери ќе имаат можност да ја претстават својата работа и своите потреби пред македонската бизнис елита. Како говорници на овој настан ќе бидат претставници од South Central Ventures, Startup Macedonia, HUB Skopje, Seavus Incubator, NewMan’s Business Accelerator.

Организациските напори за овој настан се признаени и поддржани од страна на SECO програмата за претприемништво (SECO EP), проект којшто е поддржан од Владата на Швајцарија и имплементиран од страна на Swisscontact, заедно со J.E. Остин.

Во завршниот дел од конференцијата ќе се одржи панел дискусија за важноста на менторството, којашто ќе биде проследена со вмрежување и одлична можност за остварување потенцијална соработка меѓу претставници од бизнис заедницата и стартапите.