Усвоен предлогот за измени на Законот за минимална плата од 12.000 денари

18

wallet-2456004_960_720

Фото: Pixabay

На 19-тата седница, Владата на Република Македонија го усвои предлог законот за изменување и дополнување на Законот за минималната плата и со тоа ја започна законската процедура за зголемување на минималната плата на ниво од 12.000 денари. Ќе се овозможи исплаќање на иста висина на минимална плата за сите вработени во Република Македонија кои примаат минимална плата, а ќе се обезбеди и финансиска поддршка за фирмите од Буџетот на Република Македонија за да ја исплаќаат договорената повисока минимална плата, стои во соопштението.

Усвоените измени на предлог законот, владата ќе ги достави до Собранието на Република Македонија на разгледување и усвојување.

На седницата владата даде согласност за распишување за давање закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини до 3 и над 3 хектари. На седницата на владата се донесоа измени на Предлог програмата за финансиска поддршка во земјоделството, како и Програмата за рурален развој со кои се издвоија нови 10 милиони евра директна поддршка за земјоделците.