Утре ќе знаеме дали ќе плаќаме повисоки сметки за струја и парно

92

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) утре треба да ги донесе одлуките за цената на електричната енергија и за парното греење за скопјани што ќе важат во текот на наредната година, јавува МИА.

Претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски неодамна потврди дека сите енергетски компании во земјава побарале зголемување на цената на електричната енергија поради зголемените трошоци и намалената потрошувачка, како и проблемите со ликвидноста што ги предизвика пандемијата со Ковид-19.

Одлуката за цената за струјата требаше да биде донесена на крајот на минатиот месец и да важи од први август, но поради предвремените парламентарни избори нејзиното носење е одложено за утре, а цената ќе важи од први септември. Според најавите, се очекува утре да биде намалена цената што ја плаќаат скопјани за парното греење.

Фото: Freepik