Утре почнува Garage Sale во Рамстор Mол

21

11

Утре почнува големата шопинг акција организирана од Рамстор Мол, Garage Sale. Традиционалната распродажба ќе започне на 17-ти, ќе трае до 21-ви август и на потрошувачите ќе им понуди екстремно намалување, дури до 70% на различни производи од реномирани брендови.

Убавите девојки, на интересен начин, ги презентираа брендовите што ќе учествуваат во големата Рамстор акција и ја открија висината на попустите што ќе биде достапна во нивните продавници.

Добропознатата акција на Рамстор Мол и оваа година се одржува традиционално, по петти пат. Вратите на трговскиот ценатр од утре ќе бидат отворени за сите потрошувачи што сакаат да се подноват себе си, своите најблиски, како и нивните домови, со одлични производи по ниски цени.

Дојдете, правиме чистка, вадиме се надвор.