Утре свечено отворање на нова фабрика во Илинден

27

Project-L3-Peijnenbroek-940x300-564x272Холандската фирма Van Puijenbroek Textiel утре свечено ќе го означи отворањето на својата нова фабрика за производство на работна и заштитна облека Вптекс Македонија, со седиште во општина Илинден.

Компанијата е лидер на меѓународниот пазар за професионална индустриска и заштитна облека од високо квалитетни материјали со традиција долга речиси 150 години.

Вптекс Македонија чија инвестиција е започната точно пред една година, ќе стартува со 50 вработени. Оваа бројка се очекува да достигне 100 веќе од следниот месец кога ќе се воведе втора производствена линија, како и трета линија која ќе следи во првиот квартал на 2014 година.