Утринска психо гимнастика за подобро здравје

37

krevet-rabota

Фото: Pexels

За да воведете ред и рамнотежа во вашиот живот, правете ги овие четири работи.

Вежбајте

Среќата, здравјето и продуктивноста се многу поврзани со вежбањето. Ако не сакате или не сте во состојба да посетувате теретана, пилатес или некој спорт, можете да вежбате и дома. Било каква активност може благотворно да влијае на вашиот организам.

За појадок јадете протеини

Многу нутриционисти препорачуваат да се јадат барем 30 грама протеини за појадок, а појадокот да биде половина час после будење. Во менито треба да вклучите јајца, сирење и останати млечни производи.

Туширање со ладна вода

Ладната вода позитивно делува како на физичкото така и на менталното здравје. Практикувајте да се туширате со поладна вода и многу брзо ќе забележите подобрување на имунитетот и подобро работење на системот за варење, што секако влијаат на квалитетот на животот.

Ментална хигиена

Најтешката и најсложената задача завршувајте ја прва наутро и читајте што повеќе. Барем една книга неделно. Запишете ги своите цели, на кратки и на долги патеки и потрудете се секој ден да бидете чекор поблиску до нив.