Утринските навики на познатите милијардери

90

Што прават наутро некои од познатите светски милијардери?

Опра Винфри

Опра станува во седум часот и ги шета своите кучиња. Потоа пие еспресо и чита некоја од нејзините книги.  Следно на утринската агенда е медитирање, а таа тоа го прави во нејзиниот двор и завршува со едночасовно вежбање.

Илон Маск

Основачот на Tesla се буди во седум часот и додека пие кафе половина час посветува на одговарање на итни мејлови. Вели дека нема време за појадок. Откако ќе ги однесе своите пет синови на училиште се тушира и оди на работа.

Џек Дорси

За основачот на Twitter утрата започнуваат во пет часот. Тој медитира половина час и потоа вежба три пати по седум минути, пие кафе и започнува со работа.

Ворен Бафет

Бафет сака да спие и посветува осум часа на тоа. Денот му започнува во 6 45. Претпочита весници пред технологија и чита пред да започне со работните обврски. Најчесто ја прегледува содржината на Wall Street Journal и USA Today.

Бил Гејтс

Основачот на Microsoft откако ќе се разбуди прави кардио вежби. Трча на лента и истовремено гледа едукативни видеа. Обожава да јаде житарки, но ретко има време за тоа.

Џеф Безос

Најбогатиот човек на светот сака да поспие и не се буди со аларм. Пред ручекот, што за него е во 12 часот напладне, одржува “интелигентни“состаноци каде се разговара за важни теми. Овие средби настојува да бидат во 10 часот претпладне.

Марк Цукерберг

Првиот човек на Facebook е верен на неговиот бренд. Штом ќе се разбуди, на својот телефон проверува што има на социјалната мрежа, а потоа разгледува и други новости низ светот.