Утврдување долгорочни цели и стратегии за раст и развој на пазарот на капитал

209

pazar-na-kapital

За да се постигне континуиран раст и развој на пазарот на капитал треба да се утврдат долгорочните цели и стратегии, а тоа да биде потпомогнато и координирано од страна на заедничко координационо тело составено од претставници од регулаторни тела, институции и други значајни чинители на пазарот на капитал.

Ова беше истакнато на втората дебата во организација на Македонска берза и бизнис магазинот Економија и бизнис, под насловот Државите и пазарот на капитал.

Учесници на дебатата беа: Ханес Такач, помошник директор на Одделот за локална валута и развој на пазарите на капитал во Европската банка за обнова и развој; Томе Неновски, професор на Универзитетот Американ Колеџ; Владимир Филиповски, професор на Економскиот факултет при УКИМ; Зоран Јовановски, сопственик на магазинот Економија и бизнис и Иван Штериев, главен извршен директор на Македонска берза.