Полското регулаторно тело казнило малопродажен синџир со 16 милиони долари поради погрешно означување на увезено овошје и зеленчук, како да е одгледано во Полска.
Biedronka (во превод од полски бубамара) е најголем синџир на супермаркети и продавници во Полска со 2.823 продавници и 67.000 вработени, а е во сопственост на португалската групација Jeronimo Martins.
Регулаторното тело оценило дека потрошувачите кои сакале да купат домашни производи, во овие маркети биле доведени во заблуда, со образложение дека потрошувачите ги лажеле со производи како што морков од Белгија или краставици од Украина, кои биле означено како полски.
Полската влада ги поттикнува граѓаните да купуваат домашни производи за да ја поддржат домашната економија во текот на оваа криза.
Фото: Pexels