Вкупната надворешнотрговска размена на Црна Гора од први јануари до 31-ви август, според прелиминарните податоци, изнесува 1,6 милијарди евра, што е пад од 18,8% во однос на истиот период лани, покажуваат официјалните статистички податоци.
Извозот имаше вредност од 230,7 милиони евра, а увозот 1,3 милијарди евра. Во однос на истиот период лани, извозот беше понизок за 12,3%, а увозот помал за 19,8%.
Најголеми надворешнотрговски партнери на Црна Гора, како што пренесува Café del Montenegro, се: Србија (268,2 милиони евра), Кина (140,4 милиони евра) и Германија (128 милиони евра).
Фото: Pexels