Вака изгледа првиот дрвен стадион во светот

20

stadion1

Англискиот фудбалски клуб Forest Green Rovers наскоро ќе биде домаќин на најзелениот фудбалски стадион. По конкурсот кој траеше седум месеци и педесет пријавени натпреварувачи, за победничко решение на новиот стадион на овој фудбалски клуб, избран е проектот на Zaha Hadid Architects. Решението на ова британско архитектонско студио е специфично, бидејќи овој стадион ќе биде изграден од дрво и ќе биде прв ваков стадион во светот.

Изборот на природни материјали за изградба на овој стадион е одраз на еколошкиот концепт на градење. Дрвената конструкција овозможува овој стадион да има најмала емисија на јаглерод диоксид, пишува Archdaily.

stadion2

Дрвото е високо издржлив градежен материјал што може да се рециклира и изгледа убаво. Конструктивните елементи од дрво ќе бидат поставени на доволно блиско растојание, со што трибините ќе бидат дрвени, за разлика од другите стадиони каде конструктивните елементи се од бетон или челик.

stadion-3

Стадионот вреден 111 милиони евра ќе се простира на површина од 100 хектари и ќе биде централен објект, а целиот проект овозможува креирање на нови јавни простори за рекреативни и други цели околу стадионот.