Вака ќе гласи името на стадионот на Безос

36

Гигантот за онлајн трговија Amazon неодамна ги купи профитабилните права за именување на стадион во Сиетл, но неговиот избор на име и не е баш нешто што би го очекувале.

Наместо едноставно да го нарече Стадион Амазон, компанијата избра необично име, Climate Pledge Arena (Арена за климатски залог) во знак на својот неодамна отворен фонд за животна средина. Главниот извршен директор и основач на компанијата за е – трговија, Џеф Безос, рече дека сака стадионот да послужи како редовно потсетување за важноста на борбата против климатските промени.

Безос е најбогатата личност во светот и неодамна постави рекорд со тоа што неговото богатство достигна речиси 172 милијарди долари. Тој тврди дека стадионот ќе биде првиот нулта-јаглерод сертифициран во светот.

Amazon има утврдено планови за одржливост за хокејскиот терен, што ќе вклучува 100% обновлива енергија, транспарентност на емисиите на јаглерод и систем што користи дождовница за одржување на мразот на лизгалиштето.

Стадионот ќе биде дом на тимот на Сиетл NHL (National Hockey League) – Национална хокеј лига, откако професионалниот хокеј на мраз се враќа во градот првпат од 70-тите години. Првата сезона треба да биде наредната година.

Билетите за некои настани на стадионот ќе се користат и како бесплатни билети за јавниот превоз, вклучувајќи и патувања по новата реновиранa еднонасочна железничка линија, за да ги охрабрат луѓето да не патуваат со автомобил.

Компанијата што стои зад обновата на стадионот, Oak View Group, го нарече ова партнерство визионерски чекор за деловните институции и спортската и музичката индустрија. Главниот извршен директор Тим Леивекеј вели дека целта на овој стадион е да биде најпрогресивно, одговорно и одржливо место во светот.

“Не станува збор само за една арена – ова е платформа за ние да ја излекуваме нашата планета“, вели тој.

Фото: Facebook