Вакцината на Pfizer и BioNTech е 95% ефикасна

148

Американски Pfizer објави дека конечните резултати од финалната фаза на испитување на вакцината што ја разви во соработка со германски BioNTech потврдиле дека е 95% ефикасна. Поради тоа, биотехнолошката компанија ќе побара вонредно одобрување на пазарот во следните денови.

Од компанијата наведуваат дека ефикасноста кај лицата постари од 65 години, кои претставуваат високоризична група, е над 94%. Конечната анализа доаѓа само една недела откако првичните резултати покажуваа ефикасност од над 90%.

Во меѓувреме, американската компанија Moderna објави дека нејзината вакцина е ефикасна во скоро 95% од случаите.

Се верува дека успехот на двете вакцини ќе значи и зрак надеж во завршување на пандемијата на Ковид-19, којашто во светот однесе над 1,3 милиони животи и предизвика сериозни проблеми и потешкотии во светот.

Фото: Facebook